| четврток, 6 декември 2018 |

Законот за јазиците ќе шири магла, Мерко и Анѓушев ќе грабаат тендери

Законот за јазиците неслучајно е предлог на Анѓушев и Мерко, смета Антонио Милошоски. Тие имаат потреба од овој закон, од закрвување на Македонците и Албанците, за да ги пркријат своите криминали. .

-Затоа што против господинот Мерко, сегашен министер, се води постапка за 6 милиони евра проневера за улично осветлување во Струга, наменски формирана фирма Сити Лајт, која што во моментот на тендерот, нема исполнето ниту еден од условите вреден 6 милиони евра, изјави Милошоски.

Тој напомена дека сега е поважно Мерко да им каже дека Антонио не ги сакал Албанците, а да се тргне курсот од неговиот криминал.

-Заедничкиот интерес на Анѓушев и Мерко е тендери, милиони, кеш и пари. Не потребата на граѓаните на Македонија. Овој неуставен закон е тука за да рашири магла, пред избори треба да се гласа, за да се направи политички пазар, не за да донесе поквалитетен живот, туку некој да си ги покрие криминалите кои што ги направил или што има намера да ги прави, изјави Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top