По повод 100-годишнина, престижниот Форбс ја објави листа на 100 најголеми деловни умови на модерното време. Таа вклучува претприемачи и бизнисмени од различни индустрии, вклучувајќи технологија, мода и забава.
Имињата не се наредени хиерархиски, туку по азбучен ред.
Очекувано на листата го гледаме основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, креаторот на Фејсбук, Марк Цукерберг, извршниот директор на Тесла и SpaceX Елон Муск.
Исто така го има и шефот на Амазон, Џеф Безос, и британскиот милијардер Ричард Бренсон. Легендарниот инвеститор Ворен Бафет исто така не е пропуштен.
На листата се наоѓа модниот шеф Џорџо Армани, како и Боно од У2 и раперот Шон Кумбс, познат како Пи Диди.
Меѓу дамите ги гледаме Фејсбук режисерката Шерил Сандберг, модната икона Дајан фон Фурстенберг, телевизиски продуцент Шонда Реимс, и основач на “Спакс”, Сара Блеки.
Целата листа на 100 најголеми деловни умови може да ја видите тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст