| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава магазинот за музика и популарна култура „Ролинг Стоун“

Се продава „Ролинг Стоун“, 50-годишен магазин за музика и популарна култура, објави основачот на  магазинот, Џен Венер. Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека тој и неговиот син Гас го продаваат „Ролинг Стоун“, но и дека се надеваат оти ќе останат во тимот.

Венер го основа списанието во ноември 1967., додека бил „хипик“. Тоа изврши големо влијание врз пишувањето за музиката, но сега е во тешка положба, главно поради општата ситуација околу продажбата на печатените медиуми, но и поради своето известување.

Имено, репутацијата на магазинот наеднаш опадна пред три години, кога мораа да повлечат текст за измислено групно силување на Универзитетот на Вирџинија, оти новинарите не го провериле изворот и информацијата, поради што заработија и три тужби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top