Продолжува проектот за промена на оштетените фасади во општина Аеродром. Ќе бидат заменети фасадите на зградите на улиците „Петар Ацев“ број 22 и 15, „23 Октомври“ број 12 и булеварот „Видое Смилевски Бато“ број 23.
Проектот за реконструкција на фасадите, по барање на жителите почна минатата година со изработка на проекти за промена на фасадите на 18 згради, од кои во првата фаза досега се променети фасадите на 7 згради. Проектот ќе продолжи и во наредните години додека не се заменат фасадите на сите оштетени згради, а со тоа не само што ќе се подобри нивниот изглед, туку граѓаните ќе добијат и енергетски ефикасни домови и ќе заштедат за загревање.
Средствата за реконструкција на фасадите се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст