Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната сеница го утврди предлогот на движењето Беса Ермира Асани Салија да биде нов член на Државната изборна комисија (ДИК).
Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери вчера до Комисијата го доставил Предлогот на движењето Беса за член на ДИК да биде Ермира Асани Салија, дипломиран правник од Гостивар и член на Централното претседателство на партијата.
Асани Салија доаѓа на местото на Бедредин Ибрахими од ДПА, бидејќи Беса е четвртата партија според бројот на пратеници во Парламентот.
Претседателот на Комисијата Илија Димовски изрази благодарност до Бедредин Ибрахими за досегашниот ангажман и коректната работа како член на ДИК.
Изборот на новиот член на ДИК ќе биде ставен на дневен ред на денешната пленарна седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст