Фактот дека бранот бегалци нема да ја заобиколи ниту Македонија секојдневно станува пореален. Националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, претставува реална закана за Битола, Радовиш, Охрид, скопската населба Ѓорче Петров како и останатите општини во кои ќе се смени комплетно составот на населението со населување на овие лица.
-Темата мигранти е фиктивна конструкција на ВМРО-ДПМНЕ која на терен ја реализира граѓанската иницијатива “Будење”. Во неколку општини и градови граѓанската иницијатива “Будење” собираше потписи против населувањето мигранти, со една и јасна цел- да го заплашат народот. Но ова сценарио го срушија самите собирачи на потписи, а потврда за тоа се и фотографиите во кои се гледа како граѓаните од иницијативата ги внесуваат масите во општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во населбата Аеродром. Затоа и на вчерашната седница на Советот на општина Центар, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ немаше аргументирано образложение зошто бара ваква точка итно да се стави на дневен ред, рекоа од општина Центар.
Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија, а Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите.
Граѓаните на овие општини бараат референдум за да може да се изјаснат по ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти