| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 248 лица загинаа во земјотресот во Мексико, меѓу мртвите има и деца (Видео)

Бројот на загинати во разорниот земјотрес кој вчера го погоди југот на Мексико порасна на 248, меѓу кои има и 21 дете, соопштуваат денеска официјалните лица.

Во силниот потрес срушени се повеќе десетици згради, а повеќе илјади луѓе после земјотресот панично излегле на улиците, каде многумина пробувале да пронајдат преживеани во рушевините.

Локални медиуми јавуваат дека војници и пожарникари се вклучени посебно во спасување на деца од училиште во Мексико Сити, кое се урна од земјотресот.

– Војници и пожарникари пронајдоа тела на 22 деца и две возрасни лица под урнатините на училиштето „Енрике Ребсамен“. Тие се во потрага и по уште 30 деца и 12 возрасни кои се водат како исчезнати, изјави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието. Медиумите ги опишуваат случувањата околу училиштето како „хаотични“. Три лица беа спасени синоќа од тоа училиште.

Во земјотресот со интензитет од 7,1 степен според Рихтерова скала загинаа најмалку 248 луѓе од кои најголем дел во главнот град Мексико Сити – 117, потврди шефот на цивилната заштита Луис Фелипе Пуенте.

Спасувачите ги пребаруваат рушевините од делимично срушени училишта ја југот на градот. Две девојчиња наводно останале заробени во рушевините и успеале да пратат порака на своите родители.

Луис Фелите Пуенте, шеф на Агенцијата за цивилна одбрана, кажа дека во државата Моралес загинале 55 луѓе. Пред само 11 дена земјотрес со магнитуда од 8,2 го погоди Мексико и однесе повеќе од 90 животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top