| четврток, 6 декември 2018 |

Протекоа меилови кои потврдуваат дека УСАИД финансирал државен удар во Македонија преку НВО и преку Шарената револуција

Високорангиран британски извор за новинарот Саша Узунов, македонски иселеник во Австралија, сопственик и на сајтот „Тим Узунов“, доставил протечени е-мејл пораки од УСАИД, во кои во детали е објаснето незаконското финансирање на невладина организација во Македонија, со цел напад на т.н. македонски национализам, но намерно игнорирајќи ги албанскиот национализам и српската културолошка хегемонија во Македонија, објави Инфомакс. Според сајтот, еден од протечените мејлови е на поранешната сопруга на Еди Рама, Делина Фицо, која во текот на пет години, до 2021 година, ќе има главен збор во распределба на околу 9,5 милиони долари што преку американската агенција УСАИД ќе им се дадат главно на соросовите организации во Македонија затскриени зад завесата на терминот „невладини“. Таквата можност таа ја добива врз основа на тендер завршен во септември минатата година, кога целата работа е завршена поради можната смена на администрацијата во САД.

Сајтот „Тим Узунов“ се фокусира на контроверзноста на албански премиер, за кого пишува дека е идеен творец на Тиранската платформа и има единствена цел – федерализација на Македонија.

Политиката на УСАИД е парите за т.н. невладини во секоја држава да му ги додели на еден конзорциум, кој потоа слободно располага со нив. Во Македонија тендерот го доби Ист вест менаџмент институт (East West Manegement Institute – EWMI) – глобална НВО, за која не треба да се образложува дека е поврзана со Сорос – во партнерство со четири организации во РМ: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата „Отворено општество- Македонија“ (ФООМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Формално, Ист вест менаџмент институт е независна непрофитна организација, која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции, кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро. Во неа Делина Фицо ја извршува функцијата директор за програми за граѓанско општество на глобално ниво и е одговорна за регионот на Југоисточна Европа.

 

Мејловите се преписка меѓу Ана Пискачева од канцеларијата на УСАИД во Македонија, и Ивона Крстевска од Младинскиот совет во Македонија, НВО која ги предводеше протестите на Шарената револуција.

Електронските пораки кои си ги испраќале актерите во Шарената револуција ја откриваат соработката на УСАИД и Младинскиот совет во Македонија. Во една од електронските пораки испратени од Крстевска, се зборува за состанок помеѓу сериозни „играчи“ вклучени во некои доста сериозни „игри“, по кој добива проекти финансирани од Сорос – пренесува сајтот „Тим Узунов“. Во еден од мејловите се открива состанок со претставник на УСАИД, а во друга порака Крстевска се шегува со нејзин колега кој „повеќе бил заинтересиран за пари, отколку за активизам“.

Во текстот на сајтот „Тим Узунов“ се зборува и за „граѓанското“ движење Шарена револуција, финансирано од УСАИД, кое во 2015 започна со протести против „корупцијата во владата“ составена од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а на чело со Никола Груевски. Овие протести финансирани од УСИАД, а поттикнати од Заев и објавувањето на т.н. „политички бомби“ доведоа до оставка на премиерот Груевски и закажување на нови вонредни парламентарни избори.

Од „Тим Узунов“ додаваат дека за разлика од објавените незаконски прислушувани материјали за ВМРО-ДПМНЕ, Заев се воздржа да објави такви материјали за ДУИ, коалиционен партнер на СДСМ, иако во тоа време ДУИ беше партнер во владата на Груевски.

Веднаш по изборите во 2016 година, на кои ВМРО-ДПМНЕ ја однесе изборната победа, на Божиќ во Тирана беше организиран состанок, на кој беше донесена т.н. Тиранска платформа. Оваа платформа беше искористена како уцена за влез на која било албанска партија во коалиција со македонска партија.

Владата на Заев ја прифати Тиранската платформа со која се прифаќаат условите кои значат федерализација на Македонија, а подоцна потпиша и договор за „добрососедство“ со Бугарија со кој се става во ризик и македонскиот идентитет.

„Тимот Узунов“ изразува и сомнеж дека токму оние „активисти“ финансирани од УСАИД имале и скриена националистичка агенда, уништувајќи ги македонските споменици, а оставајќи ги албанските недопрени.

Извор:
Team Uzunov

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top