Голем број од нас се плашат да одат на лекар кога ќе почувствуваат здравствена тегоба, но тоа не е решение за проблемот, кој можеби тлее во вас и алармира дека нешто не е во ред со здравјето. Затоа, штом почувствувате некоја од овие 7 вида болки, задолжително посетете го лекарот:
Интензивна главоболка – острата прободувачка болка во главата може да биде знак на внатрешно крварење, предизвикано од прсната аневризма која за кратко време може да предизвика и смрт.
Болка во дното на грбот и помеѓу лопатките – причина за оваа болка е обично артритис, но другите опции вклучуваат и срцев удар и проблеми со абдоменот. Една од најголемите опасности е пукање на аортата. Затоа, ако подолго време патите од висок крвен притисок, а болката не проаѓа туку интензивно се зголемува, задолжително посетете лекар.
Неудобна болка во градите, рамениците и во рацете – неудобното чувство во градите e најчесто првиот симптом на срцев удар или подоцнежен симптом на воспаление на белите дробови. Воочено е дека пред појавата на срцев удар, се јавуваат болки во рамената, рацете и вилицата, проследени со краток здив и задишаност.
Опстипација придружена со силни болки во стомакот – најчестиот причинител на интензивната болка во стомакот е воспаленото слепо црево, кое се наоѓа во десната половина од долниот дел на стомакот, помеѓу колкот и папокот. Доколку ова место е посебно чувствително на допир, побарајте лекарска помош.
Пецкање во стапалата – хроничното пецкање на стопалата често се јавува кај дијабетичарите, а може да биде предизвикано од недостаток на витамин Б, болести на бубрезите, слаба циркулација, болести на крвните садови и пореметена работа на тироидата. Прво што треба да направите е целосна проверка на крвната слика, а потоа со совет од Вашиот лекар да го пронајдете коренот на овој проблем.
Болка во листовите – една од помалку познатите опасности е длабоката венска тромбоза – крвно згрутчување кое најчесто се појавува во вените на нозете. Таквата тромбоза може да биде опасна по живот, доколку згрутчувањето се “ослободи и отпатува” до белите дробови или срцето. Првиот симптом на настанување на тромбозата е оток на листот, со кој постепено се јавува и болка.
Болка во стомакот придружена со дигестивни нарушувања – доколку имате променлив апетит, чувствувате неудобност во пределот на абдоменот и имате проблеми со варењето кои траат подолго од две недели, задолжително посетете лекар. Ова се најчестите симптоми на разни видови карцином кои пациентите ги забележуваат, но најчесто не реагираат. Иако причините често можат да бидат безопасни, тоа не е нешто со кое треба да ризикувате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст