| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА отвори тајни документи: Хитлер не се самоубил во бункерот

Документите од кои е тргната ознаката „доверливо” покажуваат дека во 1955 година доушник на ЦИА имал средба со Адолф Хитлер и приложил фотографии од него и фирерот – десет години по „самоубиството” на Хитлер.

Во документите стои дека во 1955 година, шефот на „Дивизијата на западната хемисфера на ЦИА” примил тајна белешка.

Насловот на таа белешка бил : „Оперативен: Адолф Хитлер”, пренесува Спутник.

Како и што покажува насловот, вршителот на должноста „шеф на станицата” во Венецуела тврдел дека добил известување кое се добива само еднаш во животот – една деценија по „самоубиството” во бункерот, Хитлер се наоѓа во Аргентина.

Филип Ситроен, поранешен припадник на СС силите, тврдел дека еднаш месечно контактирал со Хитлер во Колумбија, кој го користел лажното име Адолф Шатлмаер.

Ситроен тврдел дека Хитлер ја напуштил Колумбија и заминал во Аргентина во јануари 1955 година.

Во пораката е заклучено дека ни одделението на ЦИА не можело да ја потврди веродостојноста на информациите кои стоеле во белешката, но тие биле задржани како информации од „можен интерес”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top