| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ подготвува изборен фалсификат: Рамковски, Красниќи и Сејдију на слобода, терористите од Диво Насеље со мобилни

Предизборните шпекулирања кои звучеа толку неверојатно што се припишуваа на „црна кампања на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ“ стануваат реалност. Новата власт го живна криминалното подземје, па животот им донесе поволности на терористите од Диво Насеље – добија мобилни телефони, а осудените за финансиски криминал и изборни нерегуларности добија слобода.

Еден по еден криминалците ги напуштаат затврите и тоа во пресрет на локалните избори – на повидок е уште изборен фалсификат, во кој ќе кумуваат ослободените Велија Рамковски, Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу.

Кон крајот на минатиот месец слобода доби Велија Рамковски, осуден за финансиски криминал во „Пајажина“.

Конфискација во случајот Пајажина – државата ќе наплати над 5 милиони евра од Велија Рамковски

Во почетокот на месецот беше пуштен на слобода озогласениот кондовец Агим Красниќи, осуден за изборни нерегуларности, а вчера напладне за Куманово од Штип си замина тутунскиот бос Бајруш Сејдију,кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување.

Власта го ослободи Красниќи: По викендот, не се вратил на доодлежување

Со оваа постапка владата СДСМ и Зоран Заев влегоа со сериозна спрега и коалиција со мафијата.

И тутунскиот бос Барјуш Сејдиу за изборите на слобода

 

Пуштањето на слобода на озогласениот криминалец Агим Красниќи и на тутунскиот бос Бајруш Сејдију, оди во линија со пишувањата на медиумите изминатиот период кои посочуваа дека Мери Николвска, член на СДСМ и сопруга на директорот на Центарот за кризи Агрон Буџаку, веќе подолго време бара амнестија за тутунскиот бос Бајруш Сејдију.

Николова заедно со група луѓе кои се нарекуваат „Семејства на жртвите на владеењето на Груевски“ бараат амнестија од затвореници кои се обвинети за тешки криминали. Ова не е прв пат Николова да бара ослободување на затвореници. Таа претходно бараше ослободување и на Захир Бекири-Чауш.

Ваквата криминал-коалиција на владата на СДСМ и Зоран Заев со подземјето, отвора сомнеж за сериозни предизборни и изборни нерегуларности и изборни поткупи.

Во прилог на тоа оди и фактот дека додека се чека пресуда за терористите од Диво Насеље, тие ги почувствуваа благодатите на животот во Македонија. Уапсените терористи на кои им се заканува казна доживотен затвор, добија надеж дека всушоност нема да бидат осудени, а наместо тоа ќе бидат ослободени, благодарение на најавената амнестија на Зоран Заев.

Дотогаш, терористите ќе ги користат поволностите кои Заев им ги нуди како благодарница за добро завршената работа.

Имено, при посетата на затворот Идризово од страна на Зоран Заев, терористот Деме Шеху добил и мобилен телефон кој сега го користи да си ја „отвори душата“ на социјалните мрежи.

Терористите од „Диво насеље“ по посетата на Заев на Идризово добија мобилни: Деме Шеху почна да пишува за „животот“ на Фејсбук!

СДСМ исплашено поради слабиот рејтинг на анкетите пред локалните изборни,свесни дека ќе доживеат изборен дебакал и ќе изгубат во голем дел од општините, ослободува осудени криминалци и го активира криминалното подземје кое би требало да им погогне да ги добијат општините низ Република Македонија, а посебно Скопје и Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top