| четврток, 6 декември 2018 |

Ураганот Марија го опустоши островот Доминика

Карипските острови сѐ уште неопоравени од штетата која им ја нанесе ураганот Ирма, а веќе мораат да се борат со уште една природна катастрофа, ураганот Марија. Доцна вчера вечерта ураганот Марија го погоди островот Доминика и направи хаос на целата негова територија.

Малиот Карипски остров Доминика, кој брои 72.000 жители, вчера доцна вечерта беше погоден од ураганот Марија. Ова е вторпат во краток период некој од островите на Карибите да мора да се соочи со природна катастрофа, откако Ирма го опустоши тој крај пред една недела.

Ураганот Марија почна тивко, но полека се претвори во ураган од петта категорија, со тендеции да уништи сѐ пред себе.

Штетата причинета од ураганот сѐ уште не е утврдена, но градоначалникот на Доминика, Рузвелт Скерит, воопшто не беше оптимист.

„Кажете му на светот дека Доминика беше уништена. Наутро ќе знаеме колку жртви понесе со себе ураганот. Изгубивме сѐ што може да се купи со пари“, изјави Скерит, зборувајќи за Telesur TV.

Околните острови Ст. Китс и Невитс, Ст. Луција, Монсерат и Гвадалупе се подготвуваат за наредните два дена, бидејќи се очекува тоа да бидат следните дестинации на ураганот.

Во Порторико веќе евакуираше голем дел од населението, со преку 68.000 луѓе кои се во засолништа обезбедени од Владата. Се очекува бројката на згрижени луѓе да порасне на околу 133.000 луѓе до крајот на оваа вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top