| четврток, 6 декември 2018 |

Петчлено семејство живее од производство на магарешко млеко

Брачен пар од Вланица не ни сонувале дека некогаш ќе се занимаваат со производство на магарешко млеко и дека од тоа ќе направат бизнис.

Со тек на време 35- годишната Мелиха и 42-годишниот Ален оформиле фарма од 15 магарици и 2 магариња за расплод.

Мелиха е по занимање хемиски лаборант, што кога станува збор за производство и пакување на млекото таа е експерт, а Ален е професионален возач и го разнесува магарешкото млеко.

-Во првите две години, нашиот син Тарик имаше проблем со хронична кашлица и никако болничко третирање не помагаше. Набавивме магарешко млеко и за 15 дена се излечи. Набавивме само едно магаре за да може да им помогнеме на другите, но подоцна таа идеја прерасна во бизнис, од кој добро се живее – вели Мелиха.

-Треба секое утро да се станува рано, да се измолзат, нахранат и исчистои. Хигиената е најважна, како и редовни ветеринарски прегледи – вели таа.

Покрај Мелиха и Ален, ангажирано е целото семејство бидејќи се свесни дека од тоа се издржува целото семејство, но и голема е нивната љубов спрема животните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top