Мислеле дека се дренки а всушност јаделе од најотровните шумски плодови. Во тешка здравствена состојба двајца жители од гостиварскиот регион викендот биле примени на Токсикологија откако се затруле од растението беладона. Имале силни тахикардии и биле многу вознемирени. Лекарите спречиле да дојде до сериозни компликаци – објави Сител
– За среќа нивната состојба е добра, помина оној токсичен период и се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе ги пуштиме дома, вели Нико Беќаровски, директор на Клиника за токсикологија.
На клиниката последен ваков случај на труење бил регистриран пред 15 години. Токсиколозите со предупредување до граѓаните да внимаваат што берат и јадат бидејќи овие плодови можат да предизвикат смрт.
– 10 до 15 вакви бобинки можат да предизвикаат тахикардии, халуцинации, силно срцебиење, проширени зеници, замаглен вид. Веќе над 20 вакви плодови можат да бидат смроносни, вели Беќаровски.
Ова смртоносно растение го има во шумските предели а кај нас е најраспространето на Шар Планина. Сите делови од билката се отровни. Наречено е беладона бидејќи во минатото жените за да бидат заводливи со пошироки зеници го користеле како капки за очи, но набргу потоа ослепувале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


