| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја се закани: Колку повеќе санкции, толку повеќе ракети

Американски и јужнокорејски борбени авиони, како и два американски бомбардери, денеска прелетаа над Корејскиот Полуостров како одговор на нуклеарните и балистичките проби на Северна Кореја.

Четири „ловци“ F-35B, два бомбардери B-1B и корејските F-15K летаа над полуостровот за да ја „покажат силата и способноста на американско-јужнокорејскиот сојуз, како одговор на нуклеарните и балистичките закани од Северна Кореја“, стои во соопштението на јужнокорејското Министертсво за одбрана.

Американските „ловци“ прелетаа над полуостровот откако Северна Кореја на 3 септември ја изведе шестата нуклеарна проба, а во петокот испука балистичка ракета над Јапонија.

Кон крајот на август ја лансираше првата ракета преку Јапонија од 2009 година, во време на зголемена загриженост во светот од ескалирање на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Ваквите активности на Северна Кореја ги поттикнаа светските сили да викаат итен состанок на Советот за безбедност на ОН и да се наметнат уште построги санкции врз веќе изолираната земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top