| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на СДСМ ги укина дисперзираните студии, младите се извисени

Владата на СДСМ  ги укина дисперзираните студии, младите се извисени. Ова беше една нивните први одлуки откако стапија на власт.

Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ тогаш жестоко ја критикуваше одлуката на новата Влада да ги укине дисперзираните студии без никакви консултации само затоа што биле идеја на претходната власт.

-Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со спроведувањето на катастрофалните политики кои единствено предизвикуваат штети по однос на интересите на граѓаните во сите општествени сфери, ограничувајќи ги притоа нивните можности, права и бенефиции кои им биле достапни во изминатите 10-тина години. СДС ги укинува дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да направи анализа на досегашните резултати, без да го почитува високиот интерес за овој тип на студии и конечно без да спроведе, како што често милуваат да кажат – јавна дебата за носење на оваа одлука. Единствената причина поради која е направен ваквиот чекор е тоа што дисперзираните студии се идеја, односно мерка воведена од страна на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ со цел обезбедување на што поголема достапност на високото образование за сите граѓани. Достапноста на образованието се овозможи со неколку крупни чекори, како петкратното намалување на партиципациите, отворањето на трите нови државни универзитети и 32 факултети и конечно, отворањето на дисперзираните студии кои се покажаа како извонредна можност која секоја година ја искористуваа околу 15% од вкупниот број на граѓани што го продолжуваа образованието на високо образовна установа. Во реална бројка, тоа се годишно од 2.000 до 2.500 студенти кои наместо да патуваат секојдневно или да се преселат во друг град поради уписот на факултет, одлучуваа да студираат во своето родно место, односно место на живеење или во неговата непосредна околина, рече Нелоски.

Тоа им овозможуваше да заштедат средства по основ на патување, сместување и исхрана, но и да заштедат средства по однос на уписнина, со оглед на тоа што студирањето на дисперзираните студии каде предаваат истите професори и се учи по истите наставни програми, материјали и учебници од кои се учи и на матичните високо образовни установи од каде се изведени, чини само 100 евра годишно.

-СДС укинува една благородна мерка која во изминатите 9 години ја искористија околу 20.000 граѓани. Укинува мерка која придонесува и за економско социјален, но и демографски развој на сите останати региони во земјата. Во обид да го избалансираат револтот кој очекувано ќе биде инициран од ваквата одлука, СДС бесрамно најавува дека од годинава за прв пат, за одредени студиски програми се предвидува намалување на партиципацијата за 50% за студентите од самохрани и еднородителски семејства.Јавноста треба да знае дека оваа мерка е усвоена од ВМРО–ДПМНЕ, како дел од минатогодишниот пакет 40 мерки за млади, од кои, најголем дел веќе успешно се имплементираат. Оваа бенефиција за студентите ја најави претседателот Никола Груевски во февруари 2016 година и истата е уредена како системско решение во рамки на Законот за високо образование, а дополнително беше донесен и подзаконски акт, потенцираше Нелоски.

Ако Скопје е Македонија, дисперзирани студии не ни се потребни

Всушност, СДС никогаш ништо не им дал на студентите, кои во времето на нивното владеење имаа статус на социјална категорија.

-Не постоеше широк систем на стипендирање, како што постои денес со повеќе од 40-тина различни видови стипендии. Не постоеја бесплатни учебници и стручна литература. На факултетите немаше лаборатории за реализација на практичната настава, а денес има 80 најсовремени такви. Не постоеше јавниот бесплатен превоз, бесплатниот железнички превоз, бесплатното наградно патувања за најдобрите студенти, бесплатниот влез во сите културни државни институции, вели Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

За Лука Кржаловски, „Владата на СДС, не е реформска, туку антиреформска“.

-Владата на СДС почна на дело да ја спроведува деструктивната политика што ја промовираа нивните идеолози како Фрчкоски кој срамно и навредливо најави, дека секое село не заслужува факултет и дека треба да се укинат 35 факултети. Со укинувањето на дисперзираните студии се предизвикува огромна штета врз образовниот процес и се ускратуваат бенифициите кои им биле достапни на студентите во изминатите 10 година.Отворањето на дисперзираните студии кои минативе години кои се покажаа како извонредна можност која секоја година ја искористуваа околу 15% од вкупниот број на студенти што го продолжуваа образованието на високо образовна установа, односно тоа се некаде околу 2.000 до 2.500 студенти кои наместо да патуваат секој ден или да се преселат во друг град поради уписот на факултет, одлучуваа да студираат во своето место на живеење или во неговата непосредна околина. Ваквата мерка во изминативе 9 години беше искористена од над 20.000 граѓани, бројка што сама по себе говори за успехот на овој проект, вели Кржаловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top