„Планот за живот во Македонија“ на Зоран Заев, од план за живот за сите се претвори во план за живот за поединци, бизнис партнери на премиерот Заев. Веќе неколку дена ги разоткриваме скандалите поврзани со филмската измама на Владата предводена од СДСМ и фабриката „САНОС“. Според економските експерти овде за работи за обид за малверзација со ДДВ-то, што ќе значи голем профит за поединци, со пари од државната каса, пари на граѓаните на Македонија.
Премногу нелогичности има околу овој проект кој помпезно го најави премиерот Заев пред нешто помалку од 2 месеци. Веќе пишувавме за нелогичностите околу бројот на вработени со бројот на автобуси кои треба да се произведат.
Позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од власта кои сакаат да избегнат плаќање данок, е ставот на економските експерти. Познавачите на приликите сметаат дека овде има сериозен сонмеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.
Полни раце работа ќе има Јавното обвинителство и даночните инспектори, вели експертската јавност. Тие ќе треба да утврдат како е можно фирма со тројца вработени да произведе толкав број на автобуси, ќе треба да проверат дали се купени автобуси кои се репарираат како нови и дали постои извос и дали ќе биде побаран поврат на ДДВ. Едноставно, даночните инспектори ќе треба да проверат дали овој помпезно најавен проект на Зоран Заев е само една обична перална на пари.
Дека има сериозно индиции за измама преку која има за цел на криминален начин да дојде до пари од државната каса, пари на граѓаните на цела Македонија, е и фактот дека во разговор со поранешен вработен во фабриката „ФАС 11 Октомври“ дознавме дека најголемиот дел од опремата за производство е продадена и таму нема никаква шанса да се направи нов автобус.
Според неговите зборови, само во производствениот сектор, каде бил и тој вработени биле 1.800 луѓе, кои годишно произведувале 1.600 автобуси, значи во просек по помалку од еден автобус од работник. Како паралела сега оваа компанија има вкупно тројца вработени, значи во просек еден вработен сам треба сега да произведе 23 автобуси. Покрај тоа во моментов во индустриската зона Бунарџик работи и фабриката „Ван Хул“, која исто така произведува автобуси за извос, во која пак работат повеќе од 800 работници.
Инаку, Зоран Заев во фирмата со само тројца вработени и без опрема за производство, промовираше произведени автобуси, за извос од државата, тука почнаа одмотувањето на клопчето околу можните криминални дејности поддржани од премиерот во оваа фабрика. Зоран Заев, откако најави дека ќе ги крати субвенциите за земјоделците, но за разлика од кај нив изгледа е спремен финансиски да ги усреќи своите бизнис партнери, тој при посетата на „САНОС“ најави дека државата ќе помога во таа фирма.
-Сметајте на директни повластици од државата за секое ново работно место, за секој нов продукт, за секое ново производство. Идеите, што ги наметнувате и при ваквите прилики, широкоградо со широко раширени раце, ќе ги пречекаме за да ги поддржиме, а со тоа да обезбедиме пласман и на оваа фабрика и на многу други фабрики ширум Македонија, изјави Заев при посетата на „САНОС“.
Уште една информација која можеби потврдува дека високи чинители од власта се вмешани во овој крајно сомнителен бизнис е сведочење на човек кој живее близу фабриката, кој вели дека се навистина зачудени како фабриката преку ноќ успеала да произведе автобуси, кога како што велат тие во фабриката со години нема ниту еден човек. Еден очевидец на случувањата во „САНОС“ ни потврди дека неколку дена пред посетата на премиерот Заев во фабриката, на паркингот на фабрикат имало паркирани автобуси. Тој ни потврди и дека во последно време таму почнале да се вртат луѓе од власта.
-Нема никој со години во фабриката, ниту се слуша звук или гледа активност, се зачудивме кога излегоа дека произвеле автобуси. Често се вртат луѓе кои ги гледаме на телевизија и се дел од Влдата, изјави граѓанин кој секојдневно ги гледа активностите на „САНОС“, активности кои како што вели и ги нема
Премиерот Зоран пред неполни два месеци се појави на по се изгледа фиктивен настан, каде најави производство 0 нови високо туристички автобуси, а како што објави Телевизија Алфа освен чуварот и еден џип со белградски таблици, дворот зјае празен.
Освен бројка на вработени потребна е инвестиција во машини. Состојбата на САНОС е поприлично лоша. Во 2003/2004 година неа ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестарт на фабриката.
Последната понуда за продажба на САНОС била во 2005-та година од Волво, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски.
Молк има и во Царината од таму не кажуваат дали се извезени или не автобусите, кои сметаат дека е неверојатно да се произведе автобус во таа фабрика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст