Утрово во 04,30 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на с.Српци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од А.Р.(42) од Охрид и патничко возило „Киа Соренто“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.К.(25) од Скопје.
Во незгодата возачот на “БМВ“ -то, А.Р. починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила Р.С.(36) од Охрид сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото Е.С.(41) од Охрид се здобил со телесни повреди. Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на “Киа соренто“, Т.К.
Повредените биле пренесени во КБ-Битола за укажување на лекарска помош. Од страна на СВР-Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст