Скопје нема кандидат кој кажал збор или предложил решение за главните проблеми: Загадување, урбана мафија, СК 2014, пренаселеност, сообраќај, застарена инфраструктура. Скопје ти е ко капитален грев со кој никој не се нафаќа. Вакви несериозни кандидати заслужуваат само бојкот, напиша на својот ФБ профил провладиниот колумнист Ивор Мицкоски, на денот кога беа објавени кандидатурите на Петре Шилегов за Скопје и Стефан Богоев за Карпош.
Претходно и активистот на т.н. Шарена револуција преку социјалната мрежа Фејсбук повика на бојкот на локалните избори незадоволна од Владата на СДСМ, порачувајќи дека нема да гласа на изборите.
Освен како како активист на т.н. Шарена револуција, Ристиќ настапуваше и на митинзите на СДСМ, а беше дел и од проектот „Контра вести“.
Ирена Ристиќ е една од многуте активисти на Шарената револуција, членови и поддржувачи на СДСМ кои не се задоволни од работата на Владата и воопшто нивната партија.
Пред неа се одзваа Душко млекарот, кандидатот за пратеник од САД, Зоран Ивановски, Златко Ориѓански, Маријан Даскаловски но и Општинската организација на СДСМ од Гостивар.
И најголемите поддржувачи на СДСМ разочарани од работата на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Поранешни пратеници и едни од лицата кои беа главни во предизборието за СДСМ, сега жестоко тргнаа против раководството на владеачката партија, обвинувајќи дека се заборавени од нив.
Душан Илиевски, познат како Душко млекарот од Битола, жестоко удри по генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Душко млекарот прашува како Кирацовски со кредит од 30 илјади евра успеал да изгради хациенда и да купи нов автомобил, а пред да стане потпретседател како што пишува Душко на Фејсбук, возел искршен автомобил.
Млекарот Илиевски, пред нешто помалку од еден месец, на Фејсбук обвини дека доколку го побараш пратеникот Ковачевски, за некаква помош, тој е презафатен, а кога треба да договори некоја добра зделка си седнува во кафана.
Покрај Ковачевски, Илиевски го повика и Кирацовски да му одговорат на пораките, а не да се кријат од оние со кои беа заедно соборци.
Инаку во кампањите на СДСМ за враќање на власт, Душко млекарот беше еден од главните лица кои сите од раководството на СДСМ го користеа за политички поени, а сега очигледно кога веќе не им е потребен заборавија на него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст