| четврток, 6 декември 2018 |

Бајрактаров, човек за Струмица без проблеми од 19 век

Успешниот доктор Марјан Бајрактаров е вистинската личност за да ги донесе промените во Струмица. Бајрактаров е орален хирург кој професионално и успешно ја извршува својата професија. Сакан и ценет меѓу своите сограѓани. Кандидатот за градоначалник на Струмица извонредно и успешно се снаоѓа и во угостителството, потомок на угледно и почитувано струмичко лекарско семејство. Неговата одлука да се кандидира за градски татко на Струмица ја донел бидејки како што вели тој не може да се помири со фактот што неговиот град по дванаесетгодишно владаење на СДСМ сѐ уште се соочува со проблеми од минатите векови.

Бајрактаров има визија Општина Струмица да биде убаво и препознатливо место за живеење, со кое ќе се идентификуваат граѓаните. Според него Струмичани заслужуваат подобра, поефикасна и достапна општина за сите. Кандидурата е првиот чекор кон остварување на на неговата визија. Верува дека граѓаните на Струмица го познаваат добро и знаат дека она што ќе го вети – го остварува.

Неговиот татко е еден од првите гинеколози, кој како што вели Марјан го научил на трудољубивост, чесност, посветеност кон семејството и работата. Денес тој е семеен човек, докажан во својата професија. Според него добар градоначалник може да биде само човек кој ги сака луѓето и е подготвен да им помогне. Од друга страна, успешен градоначалник може да биде само човек кој поседува менаџерски способности со кои правилно ќе ја планира и организира работата. Повеќе од две децении гради успешна приказна од две дејности медицина и угостителство и смета дека граѓаните ќе го препознаат тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top