Д-р Митко Тилевски роден 1962 година во Скопје има завршено Медицински факултет. Специјалист по педијатрија, Пратеник во Собранието на РМ во парламентарниот состав од 1998 до 2002, деценија директор на една од најуспешните болници во регионот, болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо Охридски“. Оженет, сопруг и татко на две деца. Човек од народот и за народот, коментираат охриѓани.
Доктор Тилевски вели дека мотивот посилен, а одговорноста поголема. Нагласува дека секогаш работел вредно и посветено за доброто и за среќата на охриѓани.
-Сме биле и ќе бидеме како семејство, една куќа, една улица, едно маало, една населба, еден град, вели Тилевски.
Во ВМРО-ДПМНЕ Охрид владее победничка и еуфорична атмосфера. Членството никогаш не било посплотено и единствено.
– Целосно сме подготвени да одговориме на сите предизвици. Со голема мотивираност и водејќи се од одговорноста и посветеноста на работата, умереноста, исполнителноста, високата поддршка што ја имаме од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа уште во првиот круг, изјави д-р Митко Тилевски, кандидат за градоначалник на Охрид.
Тилевски како и порано така и денеска не остава да не биде меѓу граѓаните, да го испие утринското кафе со соседите или пријателите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст