| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Анистон ја откри својата реакција за време на запросувањето

Иако се во брак од 2015 година, славната актерка дури неодамна во интервјуто за септемврискиот број на „Харперс базар“ откри како изгледало запросувањето. Имено, кога Џастин клекнал пред неа и го ставил прстенот на нејзиниот прст, реакцијата на Џенифер била комична…

-Обично не ги средувам ноктите. Едноставно, немам трпение да чекам да ми се исуши лакот и кога Џастин ме запроси и го стави тој прекрасен прстен на мојот прст, прво што кажав беше: ‘Леле, отсега ќе мора да одам на маникир’“, раскажа актерката и со својата искреност ги освои жените низ целиот свет кои се поистоветија со оваа ситуација, односно со комичните испади во најромантичните мигови…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top