Турската полиција уапси тројца крадци во Анталија, благодарение на папагал што зборува, а кој бил украден од криминалците, пишува турскиот портал „Хаберлер“.
nКрадците извршиле грабежи во неколку канцеларии, при што замале предмети во вкупна вредност од 20.000 турски лири. Меѓу украдената стока бил и папагалот од видот Жако.
Неговите вистинските сопственици всушност го препознале случајно на видео снимка на социјалните мрежи, на која папагалот „зборувал”. Веднаш ја известиле полицијата и на тој начин биле уапсени криминалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.