Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска учествуваше на политичка академија која ја организираа Кондар Аденауер и институтот „Павел Шатев“, а во дел од негвото излагање тој се осврна и на плановите и стратегијата на партијата во локалните самоуправи каде довербата ќе ја добијат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Тој подвлече дека дека економската приказна која неговата влада ја градеше толку долго и успешно на национално ниво и која донесе многу работни места, ќе ја пресликаат и на локално ниво.
– Ќе се инвестира и во градба на водоводи и канализациони системи. Поудобниот живот на граѓаните и решавањето на проблемите во секојдневието ќе биде задача на секој градоначалник. Градењето на нови паркови, игралишта и сали за младите исто така ќе биде дел од работата која ќе донесе подобар живот. Инвестициите во животната средина, создавање на зелени појаси исто така ќе биде дел од понудата. Најважно секој градоначалник потребно е да има отворен и одговорен однос спрема граѓаните, секогаш достапни, со чесен и искрен однос, изјави Гуревски.
Тој порача дека покрај реализирањето на програмата, покрај исполнувањето на се она што било ветено, исклучително значајно за секој граданочалник, не само во кампањата, потоа е да има соодветен и коректен однос со луѓето, да ги сослушува, да бара максимум начини да им помогне. Тој кажа дека дури и во оние моменти кога нема да успее, а луѓето видат дека дава максимум од него да се потруди да им помогне, граѓаните ќе го вреднуваат тоа.
– Затоа не заборавајте две работи, да го исполните ветеното и да останете на земја со луѓето, да не се возвишите и да помислите дека сега сте избрани, и дека готово е, времето поминува, односот со луѓето е она што ќе се запомни, она што ќе ви биде важно, ќе ви биде пресудно на наредните избори. Во нас е одговорноста, бидејќи граѓаните во огромно мнозинство нам ни веруваат. Овие избори се одлука за секој еден граѓанин и за неговата иднина. За тоа кој има остварливи решенија на проблемите! Со ВМРО-ДПМЕ е сигурно. Секогаш со работливост, секогаш за инвестиции, секогаш за нови работни места, нови водоводи, подобар живот. Секогаш за Македонија, изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии