| четврток, 6 декември 2018 |

Иџе најбрз на последниот тренинг во Белгија

Македонскиот автомобилст Игор Стефановски – Иџе постигна најдобро време на последниот тренинг пред денешните квалификации на трката за ЕТЦЦ што се вози во Белгија. Тој патеката ја мина за 1:39.949 минута и за една десетинка беше побрз од Петр Фулин од Чешка.

Квалификациите за утрешната трка се закажани за попладнево во 14:45 часот. Стефановски од сите возачи е единствениот дебитант на оваа патека бидејќи останите веќе се имаат натпреварувано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top