Шарената револуција била интервју за работа, а Владата боро за вработување шарени револуционери. Најгласните и најшарените од оние кои неколку месеци тормозеа по улиците викајќи „Ружна ви е владата“, денес утринското кафе со колегите го пијат на „Илинденска“. Им беше ружна додека не се вработија во „ружната влада“. Сега, освен што ќе се пофалат овде-онде со вкусната чорба од ружната влада, никаде ги нема да спомнат рушење, како повторуваа додека сквернавеа. Лани, од април до одморите, потоа се разидоа по плажите.
Ако тргнеме од најзвежиот пример, последен згрижен од шарените е братот на Ермира Мехмети и еден од најистакнатите членови на борбената единица на Шарена револуција, командосот Замир Мехмети. Тој, ниту помалку, ниту повеќе доби директорска фотелја во Телеком.
Од командос до директор: Какви квалитети поседува Замир Мехмери за да биде предлог на Владата?
Оддолжувањето на СДСМ кон „граѓанскиот сектор“ и независните загрижени граѓани започна уште пред изборите, откако СДСМ на листите за пратеници ги стави Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, едниот истакнат член на Шарената револуција, а другата предводничка на Студентскиот пленум.
Откриена злоупотреба: Павле Богоевски уплаќал американски пари како донации за СДСМ
–Богоевски беше еден од најактивните учесници на „Шарената револуција“, која причини сериозна материјална штета од неколку стотици илјади евра на објектите низ центарот на Скопје и го блокираше центарот на Скопје повеќе од два месеци. Сега се гледа дека тоа го правел од чисти лукративни причини, односно за 900.000 денари од ФООМ и загарантирано пратеничко место на листата на СДСМ, напиша порталот Журнал во една анализа посветена за Павле Богоевски.
Според порталот, од тие 900.000, 184.000 денари Богоевски ги донирал за СДСМ.
И Ивана Туфегџиќ донирала пари во СДСМ. Таа успеала да донира 101.900 денари во момент кога била невработена.
Невработената Ивана Туфегџиќ за пратеничкото место во СДСМ уплатила над 100.000 денари
И Бубо Каров, кој на јавноста и е познат како „Цацко“ се вработи во државна институција. Тој откако гласно протестираше против ВМРО-ДПМНЕ стана надворешен советник на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Министерството за култура на Роберт Алаѓозовски вдоми двајца новинари кои работата ја добија благодарение на протестирањето против ВМРО-ДПМНЕ.
Шарените платеници и соросоидите се вдомија во министерството за култура
Петрит Сарачини стана советник во Министерството, а од неодамна во тимот на Алаѓозовски е и Нора Шаќири, која претходно на Фејсбук бараше работа од Зоран Заев.
Според кои законски критериуми Нора Шаќири се вработи во Министерството за култура?
Таа од Заев побара да ја вработи, откако поранешниот новинар Мухамед Зекири се вработи во СДСМ, а потоа стана и пратеник од таа партија.
Дел од Шарената револуција, а сегашен директор е Стојанче Павловски, кој покрај „уличната школа“ од Шарена револуција, има само средно образование.
Масакр во „Танец“: Подобен човек со средно градежно образование на местото на Џорлев
СДСМ и Заев го разрешија Маестро Зоран Џорлев, музичар со високо меѓународно реноме за Павловски, кој има завршено само средно градежно училиште.
СДСМ под државна капа стави и други партиски членови, активисти на Сорос, како и лица кои се познати од „Шарената револуција“, кои причинија огромна материјална штета на објекти низ Скопје, како што се Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Влатко Васиљ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст