Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 12. седница на чиј дневен ред се законот за минимална плата, стечајците, за радиодифузната такса и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.
На денешното продолжение треба да се разгледаат Предлог законот за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка поднесен од пратениците од мнозинството, Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, по скратена постапка, исто така поднесен од мнозинството, Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, поднесен од пратеници од мнозинството.
На дневен ред се и Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, Предлог законот за издавање вредносни бонови – ваучери, сите по скратена постапка, поднесени од пратеници од опозицијата.
Пред пратениците се и Предлог законот за ратификација на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија и Предлог на закон за ратификација на Договорот од Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст