| четврток, 6 декември 2018 |

Познатиот пејач заврши во болница, има проблеми со срцето

Еден од најпопуларните пејачи во Србија во моментов се наоѓа во болница поради нарушено здравје.

Синан Сакиќ е сместен во болницата во Тузла поради проблеми со срцето кои ги има години наназад. Иако во јавноста се појавија приказни дека се бори за живот, сепак не е се толку црно.

– Одлично се чувствувам во петок излегувам од болница и се враќам во Србија, рекол за „Еџпресс“ пејачот.

Сакиќ неколку години наназад се бори со покачен притисок, проблеми со имунитетот и срцето поради лошото темпо на живот, нередовна и неправилна исхрана и конзумирање алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top