| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва задолжително погледнете во Месечината: Светецот што се слави денес ќе ви открие нешто многу битно

Денеска е празникот посветен на Свети Симеон Столпник, колј бил мошне почитуван и славен во местата каде земјоделието било главен извор на приход. Неговиот живот бил необичен, а кај народот останало верување дека од денеска почнува есенското сеење чиј заштитник е токму овој светец.

Затоа во многу села и денеска се задржал обичајот да се носи семе од куќата во црква за свештеникот да го благослови и така да си обезбедат родна година.

Еден од пбичаите кои треба да се направат денеска е задолжително да гледате во месечината вечер. Ако е млада Месечина тоа значи дека житото добро ќе роди и цела година ќе биде родна.

Оној што сее коноп треба да почне денеска, но пред сеидбата треба да стави три варени јајца, а нив подоцна да ги изедат орачите. Се верува дека така конопот ќе биде бел како јајце.

Свети Симеон денеска ги чува посевите од секакво зло и затоа треба да се фрли семето во ораницата, макар и два прсти за годината да биде родна и плодна за сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top