Иако се чинеше дека оваа бракоразводна парница нема да помине лесно, особено откако Роман барал старателство врз нивната тригодишна ќерка, шест месеци подоцна сè поминало без голема медиумска врева.
По долго исчекување, официјално е готово – актерката Скарлет Јохансон и Роман Доријак службено се разведоа по две години брак. Непомирливите разлики одиграле главна улога, а покрај сè, тие напишале официјална изјава која ја објавил “US Weekly”.
-Ќе останеме блиски пријатели и родители, а старателството над нашата ќерка ќе го делиме заедно, со цел да израсне во најдобри можни услови, опкружена со љубов.
32-годишната актерка и три години постариот француски новинар со ова ја завршиле бракоразводната парница, која делуваше дека нема да помине така лесно.
-Скарлет иницирала развод откако сфатила дека немаат премногу заеднички нешта, открил изворот за “US Weekly”. Парот за првпат се појави во јавноста во 2012 година, по нивното запознавање во Париз. Нивната венчавка која се одржала во Монтана била интимна и далеку од очите на јавноста, а истата година тие ја добиле и ќеркичката Роуз Дороти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст