Во рамките на проектот „Избори 2017“ во кој ќе бидат спроведени и објавени серија истражувања на јавното мислење на национално и на локално ниво, Институтот „Павел Шатев“ ја спроведе втората национална анкета на јавно мислење.
Целта на телефонската анкета спроведена од 9 до 12 септември 2017 година, во која учествувале 1230 испитаници, е да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања.
На прашањето која партија ќе победи на претстојните локални избори 38,2% од испитаниците се одлучиле за победникот и на парламентарните избори во декември – ВМРО-ДПМНЕ. Во победа на СДСМ веруваат само 18.1% од испитаниците.
Политиката на Владата за мигранти, со која се обезбедуваат услови за нивно трајно населување, домување и вработување нема доверба од 91.1% од испитаниците.
Граѓаните не го поддржуваат ниту договорот склучен со Бугарија. 66.1% од испитанците се протиов овој договор.
Висок процент од испитаниците, дури 89.5% не го поддржуваат предложениот закон за јазици.
Двојна е предноста на Никола Груевски пред Зоран Заев според одоговрите на испитаниците кој би бил подобар премиер Никола Груевски или Зоран Заев. За поранешниот премиер Греувски се изјасниле 42.2%, а за актуелниот Зоран Заев 21.1%. Генералнот впечаток на граѓаните е дека Зоран Заев не е добар премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст