Вице Заев, брат на Зоран Заев влегува со бизниси во Скопје, а кланот Заеви го укрупнува капиталот. Уште прес неколку месеци медиумите пишуваа дека фирма блиска до Зоран Заев, СИМ Инжинеринг ДОО Струмица, која според информации на Инфомакс е во сопственост на таткото и синот Симеон и Горан Крстеви од Струмица, кои учествуваа во градбата на „Глобал“ во Струмица ќе градат зграда во скопски Аеродром.
СДСМ и порталите под палката на Сорос сакаат да го злоупотребат градежниот бум во Аеродром за да покажат наводна поврзаност на одредени градежници со власта, а притоа забораваат да и кажат на јавноста дека и најблиските бизнис партнери на Заев учествуваат во изгадбата на нови згради во Аеродром.
Имено во општина Аеродром може да купи земјиште и да гради секоја фирма која ги исполнува условите за тоа. Независно дали одредени медиуми за нивните газди пишуваат дека се блиски до одредена партија. Ноторен пример за тоа е и овој документ до кој дојде нашата редакција, а на кој јасно се гледа дека во општина Аеродром станбена зграда на површина од 1577 м2 ќе гради и фирма на Горан Крстев, бизнис ортак на Вице Заев, братот на Зоран Заев и еден од изведувачите на градбата во „Глобал“, пишува Журнал.
Од документот кој го објави порталот јасно се гледа дека во изградба на новиот станбен објект учествува и фирмата СИМ ИНЖИНЕРИНГ ДОО Струмица, каде што сопственици се таткото и синот Симеон и Горан Крстеви.
За појаснување, покрај во СИМ ИНЖИНЕРИНГ ДОО Струмица, која е предмет на овој договор за градба во општина Аеродром, Горан Крстев се јавува и како косопственик во фирмата Сара Јавор Инжинеринг, каде што е содружник со Вице Заев. Имено Горан и Симеон Крстеви можеме да ги сретнеме и како сопственици во повеќе фирми како : Јавор Транс ДООЕЛ Струмица, Де Лукс Инжинеринг, Јавор Шпед и други.
Медиумите уште во јануари, 2014 година пишуваа дека Зоран Заев ја претворил фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица во главниот набавувач на гориво, екстра лесно масло за греење и други стоки за потребите на Општина Струмица и институциите под нејзина надлежнност. Зоран Заев на Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица му овозможил да добие 11 јавни набавки во изминативе години со вкупна вредност од 101,354.456 денари (околу 1,648 милиони евра). Од нив 83.322.641 денари фирмата Јавор Шпед ги добила од јавни набавки склучени директно со Општина Струмица, а 18.031.815 денари ги добила од јавни набавки склучени со ЈПКД Комуналец. Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица е во сопственост на Горан Крстев, човек кој што е капитално поврзан со семејството Заеви.
Фактот што во една општина или за државата градат и фирми кои се од спротивната политичка странна на политичката фигура што го води конкретниот субјект е доволен показател декаа таа институција, општина, држава е демократска и ги почитува правилата на слободниот пазар, според кој тендер може да добие секоја фирма која ги исполнува исловите на пазарот, без разлика дали истата е на човек близок до власта или опозицијата.
Од „Герас Цунев конфекција“ а.д. Струмица преку Македонската берза информираат дека Трајче Заев преку трговска трансакција се стекнал со 4.861 акција од издавачот „Герас Цунев конфекција“, со што сега поседува вкупно 15.126 акции или 22,25% од основната главнина на друштвото., пишува порталот Нетпрес.
-Истовремено лицето Јанева Снежана го намали своето учество во акционерскиот капитал на друштвото, и отуѓи 3.367 акции, со што сега поседува 13.631 обична акција или 20,05 отсто од основната главнина на друштвото, известија од компанијата.
Според проверките, вредноста на една акција изнесува 300 денари, што значи дека Заеви платиле 1.458.300 денари и со тоа стекнале 22,25 отсто од основната главнина на друштвото „Герас Цунев конфекција“, кое има имот вреден милиони во евра, хотел, ресторани и дуќани.
Со ова се отвора оправдан отвори сомнеж дека семејството Заеви користејќи ја, односно злоупотребувајќи ја политичката закрила и моќ, започнуваат со купување капитал во конкурентните македонски компании. Се разбира, со цел да го окрупнат своето богатство.
Имено со 20.000 евра не може да се купи ниедна најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти, индустриски погони со површина од 1.849м2 на атрактивни локации во општина Струмица.
За помалку од 100 дена на власт, кланот Заеви почна да ја купува Македонија
Со ова се отвара сериозен сомнеж дека купопродажбата е вклучена со уцена или некој друг вид на притисок.
Но зачудува нестрпливоста на кланот Заеви, кои, ете, не дочекаа ниту да минат стоте денови од владата на нивниот претставник во политиката за да започнат со купувањето на Македонија. Или, можеби, процените се дека власта ќе биде краткотрајна па мора да се искористи секој момент.
Заеви за 20.000 евра се стекнале со деловни простории од околу 1.849м2 површина односно купиле атрактивен деловен индустриски имот за само 10 евра по м2.
Акциите и имотот со кој се стекнале Заеви е купен под паритет, односно под реалната цена за објектите.Не е јасно како е продано толкав имот за толку ниска цена.
Конфекцијата „Герас Цунев“ поседува работни погони со површина од 2.016м2 и 1.781м2 на улица „Гоце Делчев”, заедно со дворно место од 1.278м2.
Конфекцијата поседува и деловен простор од 73м2 на улица „Благој Мучето“ бр.4 во Струмица и помошни простории на улицата „Гоце Делчев“ со површина од 65м2 и 82м2 и деловен простор од 53м2 на Кеј на револуција бр.5, Струмица.
Акционерското друштво во својата сопственост има и објект од 444 м2 на улица „Маршал Тито“ бр.2, друг објект во истиот склоп со површина од 242 м2 со помошни простории од 181 м2 во склоп на истиот објект. Дополнително фирмата има зграда од 795 м2 и помошен објект од 386м2 на улица„Гоце Делчев“ бр.50 во Струмица.
Во јавноста зачестени се гласините дека можеби се работи за притисок за продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.