Максимални температури денес измерени во Д. Капија 32, Гевгелија, 30 Скопје, Штип, 29 Струмица, Виница, 28 Тетово, 26 Тополчани, Кр. Паланка, Прилеп, Ѓуриште, 25 Берово, 24 Претор, Пожаране, 22 Охрид, 18 Маврово, 17 Лазарополе.
Најмногу наврнат талог до 17 часот во Лазарополе и Охрид со помалку од 1 литар на квадратен метар.
Времето денес променливо облачно, во планинските делови имаше зголемена облачност, а до пладневните часови понекаде на запад имаше и појава на слаб локален дожд. Попладне облачноста се намали и малку повеќе се уште ја има на истокот. Преку денот дуваше умерен претежно југозападен ветер, кој на повисоко и во Штипско повремено засилуваше.
Вечерва и во текот на ноќта ќе се задржи мала облачност, која ќе е поголема во планинските региони. До изутрина повеќе облачност ќе има на северот и северозападот. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а претпладне на југозапад со умерен западен ветер. УВ=6 Т-мин. од 9 до 17 а т-мин. 25 до 32 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 15 до 30 степени.
Следува период на сончево време со свежи утра, а преку денот ќе биде се потопло. За време на викендот дневните температури насекаде ќе бидат над просекот, а тогаш се очекува и умерен до засилен ветер од југозапад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст