Во општина Илинден, почна да се гради нов станбено-деловен комплекс, во рамките на кој ќе бидат изградени три станбени згради и трговски центар. На поставувањето и осветувањето на камен темелникот присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.
Според најавите на инвеститорот, фирмата „Унија клуб“, вкупната инвестиција за станбено-деловниот комплекс во населба Илинден изнесува 7,5 милиони евра. Во рамките на комплексот ќе бидат изградени 3 станбени згради со приземје, 5 ката и поткровје, со 170 станови со површина од 45 до 155 метри квадратни, како и трговски центар на три нивоа, со површина од 1900 метри квадратни.
Последниве години општина Илинден, покрај тоа што стана успешна инвеститорска дестинација е и посакувано и убаво место за живеење.
Како резултат на квалитетното просторно планирање и инвестициите во инфраструктурата, образованието, детската заштита, услужните дејности (банки, пошти, супермаркети), континуирано се зголемува бројот на жители на општина Илинден.
Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на своите граѓани, но и на потенцијалните домашни и странски инвеститори, а согласно Стратегијата за Локален економски развој, општина Илинден е насочена кон урбанизирање на просторот и создавање на услови за индивидуално и колективно домување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст