| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца македонски државјани фатени со дрога на преминот Ќафасан

Албанската полиција уапсила двајца македонски државјани на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, под обвинение за „меѓународна трговија со наркотични средства“.

Според полициски извори на кои се повикува тиранската телевизија Топ чанел, станува збор за Методи М.(40) и Љубица З.(40) во чиј багаж, при излез од Албанија биле откриени четири пакетчиња со марихуана во вкупна тежина од еден килограм и 150 грама.

Двајцата биле патници во автобус, а при рутинска контрола дрогата била отркиена во патна торба на Методи М

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top