| четврток, 6 декември 2018 |

Срдечна средба со Игор Спасов: Заев ќе го амнестира убиецот на Мартин Нешковски

Премиерот Зоран Заев на вчерашната посета во КПД Идризово, каде што вети амнестија за осудени криминалци, кои според многу експерти значи спремање на црни сценарија во пресрет на изборите, на кои според анкетите сигурен победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, се сретна со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов.

Игор Спасов е убиецот на Мартин Нешковски, немил случај кој СДСМ цело време го користеше во текот на кампањата за парламентарните избори.

За средбата на Заев со Игор Спасов реагира и новинарот и уредник Бранко Ѓеровски кој преку својот фејсбук профил побара оставки и откази за луѓето на Заев, посочувајки ги како единствените „виновници“ за „неочекуваното“ ракување.

На што пак тврдење реагираше Богдан Илиевски кој на социјалните мрежи напиша дека е апсурдно да се бараат други виновници за средбата освен Заев, кој лично како што пишува Илиевски на прес-конференции 48 пати манипулираше со некрофилија најавувајќи дека „ќе ја дознаеме вистината за Мартин Нешковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top