Раководството на најбројната партија во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со теренските активности и средбите со членството на партијата и граѓаните низ целата држава. Денеска генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски, беше на работен состанок со членовите на ВМРО-ДПМНЕ од скопски Карпош.
Просториите на Општинскиот Комитет Карпош, беа претесни за да ги соберат луѓето кои дојдоа на состанокот со Мицкоски. Тие испратија порака дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на локалните избори во октомври и тоа не само во Карпош и Скопје, туку и низ целата држава.
Граѓаните кажаа дека доволни биле само три месеци за сите да видат со каква власт си имаат работа и дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која што се грижи за националните интереси на Република Македонија.
Како што порачаа тие, победа на локалните избори ќе значи и отворен пат за предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати власта и на централно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи