| четврток, 6 декември 2018 |

Криминална поддршка за локални избори: Заев ветува амнестија за бандити и криминалци

 

Во недостиг на поддршката од граѓаните и реалната состојба на терен која според сите до сега објавени анкети не и оди во прилог на СДСМ, Зоран Заев излезе со скандалозна изјава во која вети амнестија за осудени криминалци. Според многу експерти и познавачи на состојбите, оваа најава на Заев се должи на високиот и се уште растечки рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, па ослободените криминалци и бандити од страна на Зоран Заев би требало да ги заплашуваат граѓаните и тие да гласаат за СДСМ.

Експертите се едногласни дека токму оние криминалци, кои премиерот најави дека ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владеачката партија за локалните избори. Причина за тоа е слабиот рејтинг кој го има СДСМ и анкетите кои прогнозираат голем пораз на СДСМ на изборите.

– Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура, изјави премиерот Заев при денешната посета на затворот во Идризово.
 
 Покрај целта за користење на ослободените затвореници во кампањата на СДСМ и тие да бидат искористени за заплашување на граѓанните, според одредени информации власта на Заев се спрема и МВР и да го стави во погон за изборите.Според нивниот план, откриен во пост на Фејсбук, кој подоцна беше избришан од кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Темелковски и СДСМ ќе победеле со чалам и бизнис поддршка, како што стои на таблата во општинскиот комитет. Чалам, еуфорија и бизнис поддршка, што според некои значи рекет, се дел од она што може да се забележи на фотографиите, кои Темелковски ги отстрани, надевајќи се дека нема да стигнат до очите на јавноста, но за негова жал, безуспешно.

Дополнително, ваквиот план покажува дека во битката за гласови СДСМ и нивните кандидати првично ќе се потпираат на закани со МВР кое го раководи Оливер Спасовски, како и притисоци врз земјоделците и социјално загрозените лица.  Дел од медиумите веќе пишуваа дека СДСМ планира фалсификат на локалните избори со помош на партиската полиција и криминалци од соседството.

По низата антидржавни политики, единствен спас за подобар резултат на претстојните локални избори Заев и СДСМ гледале во злоупотребување на МВР, кое интензивно се партизира од страна Спасовски, како и мафијашкото подземје од Македонија и Косово, кое според одредени медиуми треба да го активира Мухамед Зекири. Целта е полнење на кутии, заплашување на гласачи и операција која Заев ја држел во тајност, а за која самиот велел дека била подготвувана од надвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top