Собранието на Република Македонија на 13. седница со 77 гласа „за“, ниту еден против и воздржан го донесе Законот за изменување на Изборниот законик, поднесен од пратеничките групи на владејачкото мнозинство и опозицијата.
Со измените на Изборниот законик е предвидено составот на Државната изборна комисија да биде во согласност со постоечкиот однос на партиите во Собранието.
Пратеникот на Беса Фадил Зендели на прес-конференција во Собранието изјави дека очекуваат да имаат член на Државната изборна комисија (ДИК) на претстојните локални избори. Во спротивно, истакна Зендели, одлуките на ДИК би биле нелегални и нелегитимни.
Според информации од партијата Беса, најголеми шанси за член на ДИК има адвокатката Ермира Асани Салија, која е член на Централниот одбор на Беса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст