Кардиологот Борче Петковски е именуван за член на Управниот одбор на Клиниката за кардиологија во Скопје, дознава „Република“. Решението за именување на одборот е потпишано лично од Зоран Заев и стапува на сила на денот кога ќе биде објавено во Службен весник.
Кардиологот Борче Петковски е поранешен директор на Клиничкиот центар и на Клиника за кардиологија во Скопје и уште едно кадровско решение на Заев од негов калибар – со криминално досие, човек близок до СДСМ осуден за корупција. На неговата професионална кариера црна дамка остават аферите со препродажба на стентови.
Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против кардиологот Борче Петревски уште во 2007 година, при претходно распишана потерница од страна на МВР за сомнение за сторен криминал тежок 2 милиони денари во периодот кога директорувал со Клиниката за кардиологија, од 2004 до 2006 година.
Петровски се товареше за лекување на 12 странски пациенти од Косови и Албанија, спротивно на правилата односно без уплатен аванс на пациентите за лекувањето, како и за набавка на 100 неупотребливи стентови од веледрогеријата „д-р Пановски“, која што во јавноста е позната по добивањето на тендери од страна на сегашниот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, додека тој бил претседател на второстепената владина комисија за јавни набавки.
Косовски медиуми: Меѓу уапсените доктори на Косово е и кардиологот Борче Петровски
Петровски тогаш плати кауција од 200 илјади евра, по што бил пуштен од притвор од истражниот затвор „Скопје“, каде што поминал 19 дена.
Тој поседувал акции во приватна болница за срцеви болести на Косово, наведуваат косовските медиуми. Косовската полиција го привела во 2014 година, но и во во 2007 година. Првиот пат бил ослободен поради немање докази. Во 2014 година Петровски и групата од Косово се сомничат за учество во криминална група за давање и примање на поткуп и злоупотреба на службените овластувања.
Притвор за службениците на косовското Министерство за здравство
„Исто така, во тој период (2007) Петровски заработил и кривична пријава поради сомнение дека во 2000 година вградил три стента на пациентка од Ресен, чија што здравствена состојба се влошила по шест години, каде подоцна на друга клиника било утврдено дека стентови воопшто не и биле вградени. Петровски, во тој случај од пацинетката и нејзиниот сопруг за оваа услуга наплатил по 1000 германски марки за стент, односно вкупно 3000 гермнаски кои му биле дадени на рака. Дополнително, по операцијата, Петровски од сопругот на пациентката побарал уште 250 германски марки, како што рекол тогаш, за честење на персоналот“, пишува тогашниот печат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.