| четврток, 6 декември 2018 |

Стефаноски: Гласањето „воздржан“ е еднакво на гласање „за“ да се градат станови за бегалци во Охрид

СДС повторно против интересите на Охрид и охриѓани. Кандидатот за градоначалник од СДС најави дека тој и неговата партија ќе гласаат како “воздржани” по однос на прашањето за градење на станови за бегалци и доселување на бегалци во Охрид, напиша Сашо Стефаноски од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил.

-Гласањето како “воздржан” е еднакво како гласање ЗА да се градат станови за бегалци во Охрид!
Видете и слушнете што ни спремаат! ВМРО-ДПМНЕ е категорично против градба на станови за бегалци и доселување на бегалци во Охрид и Македонија, додаде Стефаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top