Агим Красниќи, еден од најпознатите осуденици во Македонија, познат по кондовската опсада на Скопје, излезе на слобода по отслужување 9 години во затвор.
Прв пат по девет години, Агим Красниќи влезе во своето село Кондово на 8 спетември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јави ТВ 21.
Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор.
Агим Красниќи од Кондово, водач на Кондовската група, која се поврзуваше со повеќе кривични дела, беше приведен после неколкудневното држење на Скопје под опсада и закани за во оружен напад од Кондово кон главниот град.
Красниќи ја одлежа казната во Штипскиот затвор, каде и се венчаше со својата избраничка.
Во минатото Красниќи важеше за многу близок до претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
Во најавата на организациониот совет за пречек на Агим Красниќи во Кондово, се вели: „Вие сте добредојдени да се придружите на семејството, пријателите и соборците за да ја прославите нашата радост заедно. По петочната молитва (по 14 часот во просториите на поранешниот објект на општина Кондово)“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст