| четврток, 6 декември 2018 |

Жена и девојка повредени во сообраќајка, возеле мопед кога ги удрило комбе

Вчера во 18.15 часот на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода во која Т.С. (40) од Прилеп, управувајќи теренско моторно возило „Фиат Добло“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во мопед „Знен“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И. Б. (21) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот, Б.Б. (40) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобила И.Б. На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top