Во Единица за информации и команда Скопје вчера во 13:45 часот била добиена пријава дека пред ресторан во село Батинци има пукање од огнено оружје, при што било повредено едно лице.
Потоа од Градска општа болница „8 Септември“ било добиено известување дека кај нив бил донесен повреден Р.А. (35) од село Батинци со прострелни рани во делот на долните екстремитети и дека над него се врши операција поради сериозност на повредите. На пукањето му претходела тепачка која започнала во ресторан и по кратко време продолжила надвор пред ресторанот, каде било пукано во Р.А.
Веднаш по настанот, сторителите побегнале со патничко возило „Ауди А8“. По добиената информација, тим од единицата „Алфа“ го пронашол возилото, на кое биле забележани оштетувања од огнено оружје. На местото на настанот било пронајдено и патничко возило „Пежо“, сопственост на С.А. од село Батинци. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст