СДС ги потценува и манипулира пензионерите. Ветуваа покачени пензии, а добија укинување на покачувањето, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во време на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите добиваа по 670 денари покачени пензии месечно, односно годишно тоа е над 8.000 денари плус. Денес со исплатата на последната пензија нема покачување. Напротив тие направија само законско усогласување што е и обврска со закон со што добија наместо 670, 180 денари, во просек. Ова е манипулација со пензионерите, истакна Методија Гочевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Потенцира дека СДСМ ги оштети македонските пензионери за 8.000 денари покачување кое ќе го добиваа со владата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова ли го заслужија пензионерите? СДС освен што крати од пензиите, во само три месеци колку се на власт ја задолжија државата за 170 милиони евра, а дополнително од државните девизни резерви стопија 177 милиони евра, што вкупно е над 340 милиони евра граѓански пари кои што треба да ги вратат нивните деца и внуци. СДС потроши над 46 милиони евра народни пари на стоки и услуги што предвидуваат набавка на мебел и луксузирање како и склучување на договори со партиските послушници, посочи Гочевски.
Додаде дека Владата покажува неспособност која ќе биде казнета од граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст