Полска ќе бара екстрадиција на четворицата осомничени за бруталното групно силување на својата државјанка во италијанскиот град Римини, соопшти полскиот заменик министер за правосудство.
Заменик министерот Патрик Јаки изјави дека неговата земја планира да почне преговори со Италија околу екстрадицијата на четворицата осомничени кои во меѓувреме беа уапсени, пренесуваат агенциите.
Освен што наводно ја силувале 26-годишната полска туристка и го претепале и ограбиле нејзиното момче, тие се осомничени дека истата вечер, на 26 август, силувале и перуанска државјанка. Италијанските обвинители соопштија дека осомничените негираат дека се одговорни и ги обвинуваат другите во групата за злосторствата. Засега не се знае дали Италија ќе се согласи да ги екстрадира извршителите во Полска.
Во случајот кој ги потресе и Италија и Полска особено е шокантен фактот што тројца од четворицата извршителис е малолетни. Освен двајцата браќа од Мароко, 15-годишник и 17-годишник, дополнително беа уапсени и 16-годишен Нигериец и 20-годишен Конгоанец.
Нигериецот и Мароканците наводно се родени во Италија, додека Конгоанецот е азилант. Полските медиуми јавуваат дека Конгоанецот се вика Гуерлин Бутунгу и бил уапсен во неделата наутро во воз од градот кон околината на Римини, при што кај него бил пронајден рачен часовник на Полјакот кој го претепале и ограбиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст