| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет студенти ќе се запишат на новата катедра по современ танц која се отвора на Универзитетот „Гоце Делчев“

Вкупно 20 студенти ќе се запишат на новата катедра по современ танц која се отвора на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од учебната 2017-2018 година. Конкрусот е веќе отворен. Катедрата за современ танц, која ќе ја води вонредниот професор Д-р Рисима Рисимкин. Катедрата ќе функционира во рамките на Филмската академија и е планирано да овозможи образовна програма на европско ниво.

– Многу се радувам што се отвара оваа Катедра при еден државен универзитет бидејќи тоа конкретно значи дека студентите ќе можат во рамките на определената квота да доаѓаат и доколку се талентирани и го љубат танцот без проблем да студираат на една врвна и извонредна европска програма – вели Рисимкин.

Идејата за една ваква Катедра за современ танц е зачната некаде пред десеттина години. Во 2008 бил потпишал договор за соработка помеѓу Културниот центар „Интерарт“ и Ротердамската академија за танц при универзитетот КОДАРТС во Холандија, за да две години подоцна започне да функционира Скопје танцова академија при универзитетот ЕСРА. Оваа танцова академија во изминатиот период финансиски беше поддржана од амбасадата на Кралството Холандија во Македонија и работеше како единствена академија за современ танц со програма за создавање современи танчери во првиот циклус на студии, не само во Македонија, туку и во целиот регион.

Студиите по современ танц на УГД се програма дизајнирана како тригодишен циклус, во кој преку интензивна практична и теоретска настава, студентите ќе добијат комплетно академско образование во областа.

Згора на тоа покрај домашниот стручен кадар, програмата ќе ја спроведуваат и врвни педагози од странство, а студентите ќе имаат можност за практична работа и нови продукции.

Програмата ќе ја спроведуваат и врвни педагози од странство, а студентите ќе имаат можност за практична работа и нови продукции.

Инаку, планирано е Катедрата да остварува соработка со партнерски образовни институции од Холандија, Швајцарија, повеќе aкадемии и универзитети за танц од Европа и Кина. Со тоа се отвара можност за студентска размена и привлекување на странски студенти, што во иднина ќе овозможи Македонија да ги подгрева своите амбиции да стане еден од водечките центри во областа на едукацијата за современ танц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top