Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ја честиташе 26-годишнината од независноста на Република Македонија.
„Во име на Владата на САД, со задоволство ги пренесувам нашите најдобри желби до луѓето во Македонија при одбележувањето на 26 години независност” се вели во соопштението, во кое се додава дека САД се горди што се пријатели и стратегиски партнери на Македонија.
„26 години работиме заедно во поддршка на аспирациите на Македонија за влез во Европската унија и НАТО. Ја поздравуваме акцијата што ја презеде новата влада да ја демонстрира посветеноста кон демократските принципи, почитувањето на владеењето на правото и регионалната соработка. САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Македонија во спроведувањето на потребните реформи потребни за да го обезбедат своето место во евроатлантското семејство и нации. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме соработката во наредните години”, се вели во соопштението на Стејт департментот на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст