| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ го одбележа Денот на независноста низ републиката

Денеска Македонија празнува 26 година од независноста, по тој повод делегации на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе градови низ Република Македонија го одбележаа овој ден.

Тие порачаа дека од нејзиното осамостојување на осми септември 1991 година, Македонија никогаш не била волку на удар, никој волку не удрил во темелите на државноста на Македонија и потенцираа дека тоа мора да се спречи што побрзо.

Тие велат дека големата победа која ќе следи на локалните избори на 15-ти октомври, ќе претставува и подлога за предвремени парламентарни избори, каде ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и на централно ниво, со што Македонија повторно ќе добие вистински чувар на нејзината државност.

Инаку Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, Денот на независноста одлучи да го прослави ден порано и доживеа вистинско фијаско. Поради малиот број на луѓе кои дојдоа, иако дел беа носени и со автобуси, организаторите одлучија прославата да ја сместат во дворот на Владата, позади оградата која Зоран Заев најави дека ќе ја руши со неговото доаѓање на власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top