| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски Брод со победнички дух: Со победа на локални, одиме на парламентарни избори

Членството на најголемата парламентарна партија, ВМРО-ДПМНЕ активно се подготвува за голема победа на локалните избори. Штабовите низ Македонија се полни и може да се забележи еуфорична и победничка атмосфера.

Денеска работен состанок имаше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски брод.

Членовите на партијата на состанокот порачаа дека ќе издвојат голема победа на претстојните локални избори бидејќи, како што велат, виделе како работи владата на СДСМ и со какви луѓе си имаат работа.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека голема победа на локалните избори би била одлична подлога за одржување на предвремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top